Учество на Social Day!

Social Day е настан организиран од младинската организација Младите Можат со цел да се вклучат младите и да се запознаат преку еднодневна пракса за работните обврски во една компанија. Младите кои ја посетија нашата компанија, денот го започнаа со нашите инженери кои ги запознаа најпрво со типовите на сервери и меморија, UPS како и со Active Directory, DNS,DHCP и Windows Server Manager и ги научија да креираат една email адреса и кориснички профил. Потоа нашите сервисери им ги објаснија нивните работни задачи на терен и им направија демонстрација за користење на Смарт Табли.

Следно, младите имаа прилика со колегите програмери да дискутираат со кои програмски јазици работиме и им презентираа како изработуваат страна според дадени инструкции, и како за дадени податоци од некоја страна се генерира извештај во Excel и PDF. Преку конкретен проблем колегите од техничка и корисничка поддршка им покажаа како преку програмот за remote пристап TeamViewer се најавуваат во компјутерот на клиентот и заеднички ги извршуваат потребните корекции во апликативниот софтвер изработен од нашиот тим. Ги запознавме исто со алатките кои ги користиме и со бази на податоци со кои работиме (Informix и MS SQL).

Младите имаа исто прилика да дискутираат со нашата директорка за предизвиците со кои се соочуваат ИТ професионалците и поволностите кои ги нуди ИТ индустријата. На крајот на својот работен ден младите имаа задача да изработат еден план за кризен менаџмент според предходно дадени инструкции од нивниот ментор.

Тимот на Ултра им се заблагодарува на сите учесници и секогаш остануваме отворени за соработка со млади и младински организации како Младите Можат – Youth Can!

Skip to content