СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Ултра олеснување на деловните процеси и градење на “зелена дигитализација”

Македонската ИКТ компанија Ултра ДОО во соработка со шпанската ИКТ компанија Lleida.net организираа настан на 11.05.2023 (четврток) насловен „Автоматизација на препорачани дигитални комуникации“. На настанот беше презентирано решението на Lleida.net кое обезбедува препорачана достава на документи со што се овозможува поедноставување на деловните процеси преку воведување на комуникација кон корисниците со препорачани СМС и е-маил. На овој начин, се приближуваме кон светските трендови каде електронските комуникации добиваат статус на правно обврзувачки документи. Дигитално потпишување на договори, достава на решенија, одлуки и други акти, како и е-нотификации се само дел од услугите. Интегрирањето на ова решение во деловните процеси на компаниите и институциите, како и дигитализирањето на нивните услуги, овозможува зголемување на брзината на достава, намалување на фиксните трошоци и придонесува кон “зелена дигитализација”.

Дополнително, претставници од адвокатското друштво а Пепељугоски ја објаснија европската регулатива (eIDAS), законот за заштита на лични податоци, како и правно издржаните елементи на решението. Според интерпретирањето на постоечката национална законска регулатива, Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, доказот за препорачана достава може да се третира како валиден. На настанот присуствуваа повеќе од 70 претставници од осигурителни компании, банки, министерства, судови, регулаторни тела, претставници на коморите на извршители и нотари, како и членови од академската заедница.

Ултра ДОО е македонска ИКТ компанија која опстојува на нашиот пазар повеќе од 33 години со цел да ги направи бизнисите поконкурентни и да придонесува за позитивни промени во општеството со користење на ИКТ технологии. Компанијата Lleida.net е кфалификуван давател на доверливи услуги во Европска Унија (ЕУ) и присутна со своите решенија во повеќе од 15 земји низ светот.

Заедно, Ултра и Lleida.net имаат цел да го трансформираат и олеснат процесот на препорачана достава на документи и поедноставување на деловните процеси во нашата држава.

Skip to content