ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL)

Во потрага сме по нови мотивирани и динамични колеги кои имаат желба за иновации и континуирано надоградување! Бараме талентиран ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL) со страст за создавање исклучителни кориснички искуства.

Клучни технички вештини и одговорности:

·       Познавање на програмски јазик Delphi

·       Познавање на програмски јазик SQL

·       Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

·       Соработка со дизајнери, менаџери на производи и девелопери за да ги преведете барањата на корисниците во функционален код.

·       Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција

·       Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови. Внимание на деталите и посветеност на испорака на висококвалитетна работа.

·       Постојано подобрување на вештините и знаењата и следење на најновите индустриски трендови и технологии.

Одлични вештини за решавање проблеми и комуникација.

Способност за соработка во тимска средина.

Дополнителни квалификации и технички вештини кои ќе се сметаат како предност:

·       Познавање на процеси во ЕРП системи

·       Високо образование од областа на информатика/компјутерско инженерство или слична област

·       Работно искуство

·       Поседување на ИТ сертификати

Што ви нудиме ние?

·       Конкурентна плата според искуството и квалификациите на кандидатот/ката.

·       Бенефиции и додатоци според политиката на компанијата

·       Можности за професионален напредок и обуки.

Работа во динамична и флексибилна средина

За да аплицирате, испратете ја вашата биографија на konkurs@ultra.com.mk . Како наслов на пораката Ве молиме внесете ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL) и вашето име.

Ултра при вработување не прави никаква дискриминација врз основа на пол, род, сексуална ориентација, етничка и национална припадност, возраст и други основи.

Ви благодариме на интересот за да се придружите на нашиот тим. Со нетрпение очекуваме да ја разгледаме вашата апликација!

Skip to content