Во потрага сме по нови мотивирани и динамични колеги кои имаат желба за иновации и континуирано надоградување! Бараме талентиран ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL) со страст за создавање исклучителни кориснички искуства.
Клучни технички вештини и одговорности:
· Познавање на програмски јазик Delphi
· Познавање на програмски јазик SQL
· Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија
· Соработка со дизајнери, менаџери на производи и девелопери за да ги преведете барањата на корисниците во функционален код.
· Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
· Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови. Внимание на деталите и посветеност на испорака на висококвалитетна работа.
· Постојано подобрување на вештините и знаењата и следење на најновите индустриски трендови и технологии.
Одлични вештини за решавање проблеми и комуникација.
Способност за соработка во тимска средина.
Дополнителни квалификации и технички вештини кои ќе се сметаат како предност:
· Познавање на процеси во ЕРП системи
· Високо образование од областа на информатика/компјутерско инженерство или слична област
· Работно искуство
· Поседување на ИТ сертификати
Што ви нудиме ние?
· Конкурентна плата според искуството и квалификациите на кандидатот/ката.
· Бенефиции и додатоци според политиката на компанијата
· Можности за професионален напредок и обуки.
Работа во динамична и флексибилна средина
За да аплицирате, испратете ја вашата биографија на konkurs@ultra.com.mk . Како наслов на пораката Ве молиме внесете ПРОГРАМЕР (DELPHI/SQL) и вашето име.
Ултра при вработување не прави никаква дискриминација врз основа на пол, род, сексуална ориентација, етничка и национална припадност, возраст и други основи.
Ви благодариме на интересот за да се придружите на нашиот тим. Со нетрпение очекуваме да ја разгледаме вашата апликација!