HIS системот е комплетно интегриран и е on-the-shelf решение кое вклучува автоматизација на процесите и процедурите во секундарната и терцијарната здравствена заштита, како и интеграција и размена на податоци со постоечкиот ERP систем. Обработките се реалзираат во реално време во повеќе модули: досие на пациент, закажување, специјалистичко-консултативни амбулантски прегледи, прием и испис на пациенти во хоспитален дел, испитувања, пресметка и фактурирање, извештаи и статистики, размена на податоци и др.
Системот служи за информирање на клиентите за сите работни активности во Министерството за правда и дава информации за распоредот, потребната документација и историјата. Решението има можност да се користи како самостојно решение, или решение кое врши интеракција и чита податоци од постојни бази на податоци на Судскиот информативен систем.
ERP системот содржи решенија за финансиско управување, управување со акции, комерцијално работење, производство, каси, основни средства, управување со персонал и пресметка на плати. Софтверскиот пакет PERSONAL+ се состои од неколку модули за управување со човечки ресурси: управување со персонал, пресметка на плати и др.
Апликацијата и модулот за изработка на наоди е изготвен во соработка со Истражувачкиот центар за генетско инжинерство и биотехнологија Георги Д. Ефремов- МАНУ и во него е интегрирана комплетната обработка на податоците и ја следи целосната процедура од приемот на материјалите за анализа, до издавање на сите наоди од лабораториски анализи. Апликацијата се заснова на внесена евиденција на пациенти, материјали, методи, можни резултати, мутации, и нивни генотипови. Овозможена е комуникација со други институции за поедноставување на трансферот на податоци преку генерирање на разни извештаи и датотеки.
OSIS е општ апликативен софтвер за осигурување погоден за мали до средни компании за неживотно осигурување. Ги покрива тарифниот систем, пресметките и политиките, побарувањата, повторното осигурување, правните услуги, премиум сметководството, модулот за известување и статистиката, дефинирањето планови и цели, како и инвестицискиот софтвер и модулите ERP како што се финансиски менаџмент, основни средства, платен список и Персонал.
Веб-апликативен софтвер за животно осигурување погоден за мали до средни компании за животно осигурување. Покрива тарифен систем, пресметки и полиси, побарувања, премиум сметководство, реосигурување, правни услуги, модул за известување и статистика, дефинирање планови и цели, портал CRM, портал Frontend, KPI и контролни табли, како и инвестициски софтвер и модули ERP како што се: Финансиски менаџмент, Основни средства, Платен список и персонал. OSIS Life вклучува и системски модул: администрација на улоги, корисници и нивоа на пристап, известувања, документи и размена на податоци и интеграција на други системи.
Веб базиран едношалтерски систем за поднесување барања и издавање дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки во/од/низ територијата на Република Северна Македонија. Системот го користат сите државни органи кои издаваат такви дозволи и субјекти кои увезуваат, извезуваат и транзитираат стоки кои се под режим на лиценцирање. Системот опфаќа распределба на квоти за одредени увезени стоки со кои управува Царинската управа.
ТРИС e сеопфатен систем кој служи како столб за евидентирање и обработка на сите финансиски трансакции поврзани со буџетот на централната и локалната власт, ресорните министерства, единиците за трошење и јавните средства. Софтверското решение за е-Трезор е портал кој им овозможува на буџетските корисници извршување на процесите поврзани со поднесување на планови, обврски, барања за плаќање и добивање на извештаи без да ги посетуваат трезорските канцеларии а со цел постигнување ефикасност и ефективност, односно достапност на услугите 24/7, намалување на трошоците,
Kомплексен систем кој поддржува дел од основните процеси на МОН, вклучувајќи наставен кадар и инспектори, наставни планови од БРО и ЦСОО, голем дел од процеси на училиштата и ученици во основно и средно образование. Собира, проверува и обработува податоци, разменува податоци со други релевантни институции (МФ, ДЗС, МТСП) и генерира извештаи. Oвозможува надзор на процеси и постапки кои се во надлежност на Државниот просветен инспекторат.
e–Tax е веб-апликација за даночни е-услуги, вклучувајќи целосна електронска регистрација, поднесување на даночни пријави, нивна обработка, картично плаќање, автоматско генерирање на даночни решенија, потсетувања и комплексни извештаи. Оваа апликација на даночните обврзници им овозможува увид на нивниот статус, евиденција на долгови и останати податоци, и достапност на сите документи генерирани од УЈП.
Комплетен сет на модули за потребите на даночната управа: Единствениот регистар на даночни обврзници и интегрираната даночна книга, кои го сочинуваат јадрото на даночниот информациски систем (DANIS), специфични модули за обработка на различни даноци и такси и заеднички модули за административни процедури, размена на податоци со други институции итн.
Веб апликација за целосна администрација на персоналниот данок на доход, преку кој може да се аплицира, обработува и утврдува персонален данок на доход. Овозможува овластување и автентикација на различни типови на корисници (поединци, фирми, вработени во УЈП, инспектори од ДПИ). Опслужува различни процеси на физичките и правните лица. Ја креира и доставува на увид Годишната даночна пријава на физичките лица. Вклучува и модул за поврат на ДДВ за физички лица и модул за администрирање на државна помош во врска со пандемијата COVID-19. Разменува податоци и со други релевантни институции.