Уште еден #УЛТРА успешен Social Day во нашата компанија во соработка со младинската организација Младите Можат.
Младите средношколци од САБА – Приватно средно училиште се запознаа со нашата корпоративна култура, бизнис средината и работните задачи на повеќе сектори во компанијата. Нашите инженери им ги објаснија типовите на сервери, меморија и мрежи, како и безбедносни мерки против сајбер напади. Колегите програмери им ги разјаснија придобивките на различните програмски јазици како и генерирање и работа со бази на податоци.
Заедно со проект-менаџерите ги согледаа функциите на организациониот менаџмент и ефективно управување со ресурси. Имаа и множност да се стекнат со основни вештини и знаење за креирање и програмирање на веб страници и веб дизајн од страна на УНЕТ девелоперите!
Им се заблагодаруваме на сите учесници и продолжуваме да поддржуваме проекти за едукација и да ја негуваме нашата соработка со младите и младинските организации!