Признанието го добивме како награда за успешно воведени и иплементирани родово еднакви мерки во рамки на проектот за воведување на флексибилни на организација на работата и усогласување на работниот и семејниот живот поддржан од Европската Унија.
Во ера на глобализација и забрзан технолошки напредок, сметаме дека избраните мерки придонесуваат кон развој на флексибилни форми на работа, еднакви можности за професионално надоградување и хармонизирана рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот на вработените.
Да се биде “Родово одговорен работодавач” е големо признание на кое сме навистина горди! Во 2024, продолжуваме со истото темпо, со еднакви можности за успех за сите наши вработени и позитивна работна средина!
