Последно ажурирање: март 2026 година
1. Општи информации
Оваа политика ги уредува правата и обврските на купувачите во врска со замена, враќање на производи и поврат на средства при купување преку онлајн продавницата ultra.com.mk, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија.
2. Право на враќање
Купувачот има право да го врати производот во рок од 15 (петнаесет) календарски дена од денот на подигнувањето на производот, без наведување на причина, под услов производот да е во оригинална состојба, неупотребуван и во оригинално пакување.
3. Услови за враќање
За враќањето на производот да биде прифатено, потребно е да бидат исполнети следниве услови:
– Производот да е во оригинално и неоштетено пакување;
– Производот да не е користен, оштетен или на друг начин обесвреднет по вина на купувачот;
– Да биде доставен оригиналниот фискален документ (фактура или фискална сметка).
4. Постапка за враќање
За да поднесете барање за враќање на производ и поврат на средства, потребно е да не контактирате по е-пошта на info@ultra.com.mk или на телефон +389 2 309 33 33, со следниве информации:
– Име и презиме на купувачот;
– Број на нарачка;
– Причина за враќање (опционално);
– Фотографија од производот (доколку е оштетен).
Враќањето на производот се врши лично, на адресата на Ултра (Бул. Партизански одреди 70–Б, ТЦ Алуминка, 1000 Скопје), во работно време.
5. Рекламација за оштетен производ
Доколку при подигнувањето на производот утврдите дека истиот е оштетен или неисправен, рекламацијата треба да се поднесе веднаш при подигнувањето, а најдоцна во рок од 24 часа.
6. Поврат на средства
По прием и проверка на вратениот производ, Ултра ќе изврши поврат на платените средства во рок од 14 (четиринаесет) работни дена. Повратот на средства се врши на ист начин на кој е извршено плаќањето, односно во готово доколку плаќањето е извршено при подигнување.
7. Исклучоци
Не се прифаќаат за враќање производи кои:
– Се оштетени по вина на купувачот;
– Не се во оригинално пакување;
– Се користени или немаат оригинален изглед.
Контакт
За сите прашања поврзани со оваа политика, можете да не контактирате на:
Друштво: Ултра Компјутинг ДООЕЛ Скопје
Адреса: Бул. Партизански одреди 70–Б, ТЦ Алуминка, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: +389 2 309 33 33
Е-пошта: info@ultra.com.mk
Работно време: Понеделник – Петок, 08:00 – 18:00 ч.