Целта на фирмата УЛТРА д.о.о. е да биде еден од водечките и најдобри испорачатели на производи и услуги од областа на информационата и комуникациската технологија во Македонија и поврзано во регионот, одржувајќи ја својата активност кон навремени испораки на квалитетни производи и услуги, како и целосно задоволување на сите кориснички, технички и други барања на купувачите.
За да ја оствариме нашата цел, ставајќи ги во преден план барањата и задоволството на купувачите, целосно се фокусираме кон следење на техничко-технолошките достигнувања во областа на информационата и комуникациската технологија, квалитетно извршување на работите и
одржување кон континуирано подобрување на процесите од аспект на квалитет, заштита на животната средина, управување со услугите и заштита на податоците. Основната идеја која води кон успех на компанијата е постојаната комуникација со корисниците, со што се овозможува идентификување на нивните тековни и идни потреби.
Перманентно унапредување на квалитетот на нашите производи и услуги со оптимални трошоци на работење и превенција од загадување е постојана задача и обврска на секој вработен.
Со нашето професионално работење и постојано образование обезбедуваме профит, ликвидност и на вработените безбедност и подобар социјален статус.
Постојано ја развиваме соработката со потврдени добавувачи кои се способни квалитетно да ги следат и исполнат нашите барања.
Одговорното раководење допринесува кон задоволување на сите обврски и одговорности кон државата и зачувување на животната средина. УЛТРА д.о.о. постојано ги следи и ги исполнува новите и промените во тековната законска регулатива поврзана со интернационалните стандарди кои се дел од ИМС.
Преку примената на политиката за ИМС и стандардите од ИМС (ISO 9001, ISO 14001, ISO 20000, ISO 27001) од страна на сите вработени, обезбедуваме исполнување на сите наши поставени цели за задоволување на барањата на купувачите, основачите, вработените, добавувачите и општеството.