60 икони на Мајката Божја

„60 икони на Мајката Божја” е внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од VII до XV век. Авторката Аријан де Сен-Марк ги опфаќа клучните иконографски типови — Одигитрија, Елеуса, Платитера и други — со нивниот теолошки, уметнички и историски контекст. Од 60-те претстави во книгата, десет се од македонски цркви.

1.500,00 ден

На залиха

Производот е достапен исклучиво со лично подигнување секој работен ден од 10:00 -16:00 во просториите на Ултра доо (ДЦ Алуминка, бул. Партизански одреди 70б, 3 кат, 1000 Скопје). Испорака не е достапна.

Опис

Книгата „60 икони на Мајката Божја” претставува длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и духовната димензија на иконографските претстави на Богородица, централна фигура во христијанската уметност и духовност низ вековите.

Авторката Аријан де Сен-Марк, истражувач посветена на византиската и средновековната христијанска уметност, близу две децении ги истражувала црквите, манастирите и музеите во Македонија и пошироко — од Финска до Етиопија. Нејзината цел е да се поврзат источната и западната традиција во претставувањето на Богородица и да се укаже на богатството на православното културно наследство.

Делото анализира 60 икони изработени на различни подлоги — камен, слонова коска, дрво, пергамент — низ период од VII до XV век. Десет од шеесетте претстави се од македонски цркви. На корицата е фреската „Успение на св. Богородица” од црквата „Св. Ѓорѓи” во Полошко — исклучително емотивен момент во кој Христос ја напушта својата божествена аура за да ја бакне својата мајка.

Преводот од француски јазик е дело на Тихомир Јанчовски. Македонското издание е овозможено со поддршка на Анета Антова Пешева, генерален директор во Ултра.

Дополнителни информации

Автор

Аријан де Сен-Марк (Ariane de Saint-Marcq)

Превод

Тихомир Јанчовски

Брои на страници

327

Промотор

проф. д-р Елизабета Димитрова

Издавање овозможено од

Анета Антова Пешева / Ултра ДОО

Оригинален наслов (француски)

60 icônes de la Mère de Dieu — Dormition-Assomption dans les icônes du VIIe au XVe siècle

Оригинален издавач

OnTau éditions (Париз, Франција)

Датум на оригиналното издание

Февруари 2024

Датум на македонско издание

Март 2026